Бајден и Зеленски „бестрашни“ во лош холивудски филм

За време на „ненајавената“ посета на американскиот претседател Џозеф Бајден, се огласија  сирените за воздушен напад во Киев, но нема извештаи за руски напади, објави Ројтерс.

„Бајден, облечен во авијатичарски очила и претседателот Владимир Зеленски, во зелена воена униформа, одеа рамо до рамо до црквата со златна купола во ведро зимско утро нарушено од звукот на сирените за воздушни напади“, настанот сликовито е прикажан во извештајот на Ројтерс.

Унаку сирените не предизвика паника, според АФП, во случај некои од читателите да се посомневаат во „храброто срце“ на украинскиот и американскиот претседател. 

Да не беа златните куполи за Црквата Св. Михаил, би помислиле дека сме во Холивуд, тука беше обезбедувањето вооружено до заби, маскирни униформи, очила ала „Топ Ган“ и светските лидери кои храбро чекорат со позадинскиот звук на сирените за опасност. Недостасуваа само лошите Руси да излезат од некаде.

Рака на срце, украинското „сценарио“ за жал малку порано го расипа американската новинска агенција Асошиејтед прес, која објави дека на посетата на американскиот претседател Џозеф Бајден на Киев сепак „му претходела тајна најава и своевидно одобрување, а тоа, ни помалку ни повеќе – од Москва“. 

Ова е прва посета на Бајден на Украина откако Русија започна Специјална воена операција пред речиси една година, а американскиот претседател вети дека „ќе биде со Украина онолку долго колку што е потребно“. Или, како што некои иронично коментираат, „до последниот Украинец“.