Апасиев: Македонската левица е пример за левица на Балканот

Македонската левица е пример за левица на Балканот. Во тоа сме први, тврди лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

-Зборувам за автентична левица, не за социјалдемократија, бидејќи веќе и политиколошки социјалдемократијата не ја бројат во левица, туку во центар, како некоја либерална идеологија. Пред хрватската левица сме, па дури и пред словенската, пред српската левица, пред бугарската левица. Балканските левичари учат од нашиот пример како се прави партија кој граби до власт.”