Н.Р.Кина повикува на темелна истрага за експлозијата на „Северен тек“.

Меѓународната заедница има право да бара темелна истрага за нападите врз гасоводите „Северен тек“, во понеделникот изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин.

Истакнувајќи дека експлозијата на цевководите Северен тек имаше значително негативни влијанија врз глобалниот енергетски пазар и глобалната еколошка средина, Ванг рече дека е неопходно да се спроведе објективна, непристрасна и професионална истрага за инцидентот.

Претходно, ветеранот на американското истражувачкo новинарство, Сејмур Херш, во самообјавен извештај потрвди дека нуркачи на американската морнарица, помогнати од Норвешка, поставиле експлозиви на гасоводите што минуваат под Балтичкото Море, меѓу Русија и Германија, минатиот јуни и ги активирале три месеци подоцна.

Портпаролот на Кина рече дека необичниот молк на американските официјални претставници и медиумите го засилува уверувањето дека инцидентот со експлозијата е исклучително сложен.

Рускиот амбасадор во Обединетите нации (ОН) Василиј Небензја во неделата го повика Советот за безбедност на ОН да започне истрага за нападите врз гасоводите Северен тек, велејќи дека ОН се способни да воспостават механизми за истрага на таков инцидент откако ОН соопштија дека нема мандат за такво нешто.

Додека пак Џанг Јун, како постојан претставник на Кина во ОН, во понеделникот во изјава за новинарите рече дека Кина ја поддржува руската нацрт-резолуција поднесена до Советот за безбедност на ОН за истрага на терористичкиот напад врз рускиот гасен систем Северен ток.

„Го слушнавме повикот на членовите на Советот за безбедност да спроведе истрага за експлозијата. Сметаме дека тоа барање е легитимно“, додаде кинескиот дипломат.

На 17 февруари Русија поднесе нацрт-резолуција на Советот за безбедност на ОН за истрага на терористичкиот напад на гасниот систем. Се предлага генералниот секретар на ОН да формира независна меѓународна комисија од адвокати која ќе ја истражи саботажата. Во документот се нагласува дека адвокатите треба да бидат непристрасни и да имаат меѓународно признание и искуство. Комитетот треба да го вклучи и потребниот број на експерти. Доколку резолуцијата биде усвоена, генералниот секретар на ОН во рок од 14 дена ќе поднесе извештај до Советот за безбедност на ОН за конкретните модалитети на формирањето на комисијата.