Левица: ВМРО – ДПМНЕ и нејзините членови се полнат со општински пари

  • Реакција на ЛО Левица – Гази Баба

Претседателот на Советот на Општина Аеродром, Дејан Митевски, зема месечен надоместок од нашата Општина Гази Баба (слика во прилог). Во Гази Баба исто како и Аеродром на власт е ВМРО-ДПМНЕ со градоначалник, претседател на Совет и мнозинство во Советите.

Дејан Митевски е поранешен раководител на Одделот за јавно наддавање при Министерството за транспорт и врски под капа на Миле Јанакиевски. Дејан Митевски заедно со екс министерот Миле Јанакиевски и останати лица од министерството беа осомничени во случајот „Шпански скали“ за незаконска продажба на парцели пред зградата на ЕВН на плоштадот во Скопје. Проценката беше дека државата била оштетена над 2,5 милиони евра.

Дали ова е доказ дека старите тактики на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ не се искоренети? Влечење на општински пари и префрлање на членови кои котираат високо во партиските кругови е правилно менаџирање со општината?

Бараме изјаснување од градоначалникот Бобан Стефковски и @Општина Гази Баба за распределувањето на овие средства. До кога ќе ги полните партиските пулени на ВМРО-ДПМНЕ со општински средства? Зарем е соодветно и етички тоа да биде претседател на Совет од соседна општина Аеродром која исто така е раководена од ВМРО-ДПМНЕ? Народот заслужува одговори.