Левица: Угостителската мафија под заштита на манипулаторот Муцунски

  • Реакција на Левица – ЛО Аеродром

Дивеењето на угостителската мафија зема сѐ поголем замав откако манипулаторот Тимчо Муцунски ја презеде палката во Општина Аеродром.

Мафијата во конкретниот случај го блокира пристапот на жителите на зградите од три страни и ужива тотална неказнивост и заштита од страна на администрацијата под палката на Тимчо Муцунски.

До кога манипулаторот Тимчо Муцунски ќе глуми дека се грижи за жителите на општината, додека ја штити и ја поттикнува бахатоста на елитата со угостителски објекти низ Аеродром, која дивее и узурпира јавен простор насекаде низ општината?

Редно време е манипулаторот Муцунски да сноси одговорност и да се повлече од функцијата која ја доби со лажење и манипулирање на жителите на Аеродром ветувајќи помирен и поспокоен живот и борба против узурпаторите во општината како во случајов со флоскулите за хуман развој и хумано градење во општината.