АктуелноЛокално

(Видео) Одбиена предлог-одлуката за зголемување на данок на имот

  • Реакција на ЛО Левица Богданци

(Во видеото подолу – прилог дел од излагањето на советникот Тодоров)

Како точка на дневен ред на XVI-тата седница на Совет на Општина Богданци, што сметаме дека има најголемо влијание врз граѓаните, ја издвојуваме Одлуката за утврдување на висината на стапките за данокот на имот во општина Богданци.

Имено, според последните измени на Законот за данок на имот, ние како општина треба да се усогласиме со истите законски решенија, но, доколку не се согласуваме, остануваат да важат веќе постоечките утврдени стапки на данок на имот.

Доколку се изгласаше оваа одлука, стапките за Данок на имот за земјоделско земјиште што не се користи/обработува, како и данокот на имот за друг недвижен имот што не се користи или издава (стан, куќа, деловен простор), се зголемува за 3 (три) пати во однос на досегашната пропишана стапка од 0,10%.Тоа подразбира дека оданочувањето ќе изнесува 0,3 % од пазарната вредност на објектите или земјиштето.

Доколку пак граѓаните не пријават навремено, истите стапки се зголемуваат за 5 (пет) пати повисоки од пропишаните. Така што, доколку не се пријави навремено, стапката ќе изнесува 0,5 %.

Во време на економска и енергетска криза како и неконтролирана инфлација, зголемувањето на данокот на имот е безмилосно осиромашување на граѓаните!

Во време кога земјоделието е во најголем пад, да се наплати данок за необработување на земјиште е апсурдно. Во овие моменти според овие цени на репроматеријали како и несигурниот откуп, оданочување на земјиштето е фашистичка мерка.

Затоа по долга расправа околу оваа точка, победивме ние, односно Вие граѓаните.