Русија со нови договори за изградба на гасоводи и продажба на енергенси на азискиот пазар

Откако започна Западните санкции кон Русија, земјата целосно ја промени својата енергетска политика и гео-економија, по што ќе испраќа рекордни количини гас во НР Кина.

Деновиве беше потпишан стратешки договор помеѓу Руската Федерација и ИР Иран, а по потпишувањето на договорот Иранската национална нафтена компанија и рускиот енергетски гигант „Гаспром“ потпишаа Меморандум за стратешка соработка, пренесе иранската новинска агенција Тасним.

Иранската национална нафтена компанија нагласува дека ова е најголемата странска инвестиција во историјата на иранската нафтена индустрија, а Меморандумот беше потпишан на денот кога рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Иран.

Претходно овој месец руската компанија објави дека извозот на гас во НР Кина се зголемил за над 60% во првите шест месеци од оваа година. „Моќта на Сибир“ е дел од источната гасна рута од Сибир до НР Кина. Како главен купувач на руска енергија, НР Кина увезува и течен природен гас од земјата.

Во неделата Русија испорача рекордно дневно количество гас во НР Кина преку гасоводот „Моќта на Сибир“, објави енергетскиот гигант Газпром. Залихите беа испорачани според долгорочниот договор меѓу Гаспром и кинеската CNPC, се вели во соопштението на енергетскиот гигант објавено во понеделникот.

Зголемувањето на извозот на енергенси во НР Кина следи по огромното намалување на протокот на гас во Европа преку гасоводот Северен тек 1. Но, и покрај бројните санкции Москва постојано повторува дека останува сигурен снабдувач на природен гас и дека ќе ги почитува своите договорни обврски кон своите клиенти.

Во 2024-та година ќе започне изградбата на гасовод наречен: „Моќта на Сибир 2“ од Русија кон Кина кој ќе се протега на должина од 2600 километри, а неговата употреба е предвидена да почне во 2030-та година.