СДСМ и ДУИ се надвор од реалноста

  • Фејсбук статус на Марко Петровски – член на Црвена Младина

Гледам по твитер како про-владини ботови се обидуваат дебаклите на владата СДС-ДУИ да ги претстават како некое си достигнување, и притоа го користат зборот ”факти”. Ајде малце да прочепкаме и да видиме што стварно претставува факт.
Меѓу другото, тие тврдат дека:

  1. Решен бил деценискиот спор со Грција

Реалност: Секоја влада откако започна спорот со Грција, на ваков начин можеше ”да го реши” спорот со Грција. Реално решение и успех ќе беше да се тргне ветото а притоа Македонија да си го задржи уставното име и тоа erga omnes, а Грција да престанеше со сите нивни апсурдни барања. Ова е решението што го бараше македонскиот народ сиве овие изминати години, а не промена на името, откажување од малцинствата во Грција, кои притоа само тие знаат што нивните предци имаат преживеано од тамошните власти.

Исто така, како што знам јас, се уште не сме почнале со евроинтеграциите како што се гарантираше со потпишувањето на Преспанскиот договор, а да не зборуваме за тоа дека токму со ова ”решение” му се даде дознаење на Бугарија за сервилната македонска дипломатија што создаде основ за нивното вето и апсурдни барања.

А за тоа како се донесоа уставните измени внатре, и начинот на кој се обезбедија 80 пратеници, е сосема трета приказна, која што треба да има посебна обвинителска истрага и судска разрешница.

  1. Сме влегле во НАТО

Реалност: Влеговме во воен сојуз кој не принудува да трошиме голем процент од буџетот за армијата, додека немаме средства да обезбедиме повисоки плати за просветарите и другите вработени во администрација. Влеговме во воен сојуз кој ни ги затвора вратите за идно економско партнерство со други земји, и исто така ни ја одзема неутралноста, која за мала земја како Македонија, може да биде од огромен бенефит за меѓународна соработка со земји од сите страни на воено-политичките блокови.

Дополнително, иако влезени во НАТО, нели како полноправна членка, сепак сведоци бевме на резервираност од страна на самиот тој НАТО за давање на одобрение за пристап до класифицирани информации на некои од нашите министри. Ма да, ова е разбирливо со оглед на нивото на нивната некомпетентност.

За крај, ова членство, освен задоволување на геополитички апетити на некои големи сили, друга нема никаква цел, додека ние го плативме со промена на име и откажување од македонски малцинства.

  1. Се спровел попис

Реалност: Дали пописот ги дава вистинските статистички податоци за тоа колку луѓе живеат на оваа територија?
Основната цел на пописот е да се обезбеди ажурност во однос на реалната фактичка ситуација за бројот на населението во една држава, врз основа на која во иднина ќе може да се базираат политики и анализи. Но, со оглед дека овој попис беше фингиран, и голем дел на луѓе основано не се попишаа, пописот не е реален приказ за бројот на граѓани кои живеат на територијата на Македонија.

Згора на тоа, избирачкиот список кој ќе се креира врз основа на резултатите на овој попис нема да го отсликува вистинскиот електорат во Македонија, бидејќи со овој попис населението кое живее и е активно во Македонија, се исповети статистички со оние кои Македонија ја немаат видено со очи од нивното раѓање.

  1. Сме почнале преговори со ЕУ

Реалност: Преговорите нема да започнат се додека не се реализираат сите бугарски барања, вклучително и нивното внесување во Уставот.

Сите сме свесни дека ова никогаш нема да помине, што значи дека со прифаќањето на оваа преговарачка-рамка СДС и ДУИ, за довека ги ставија преговорите и членството во ЕУ во лимбо зона. Во овој случај, не само преговорите што не се почнати, туку со оваа преговарачка рамка, тие никогаш нема ни да почнат.

  1. Македонскиот јазик ќе бил официјален во ЕУ

Реалност: Кој е тој македонски јазик кодификуван во 1945 година? Дали е македонски јазик како посебен јазик кој спаѓа во групата на јужнословенски јазици, или е како бугарски дијалект и со бугарско потекло? Нели немаше да бидеме северномакедонци, па секојдневно гледаме спротивно?

Заклучокот? – Ќе го видите после парламентарните избори!