Во библиотеката „М.И. Рудомино“ има над 4,5 милиони книги, а дел од нив се напишани и на македонски јазик

На денешен ден во 1922 година во Москва отворена е Серуската државна библиотека за странска литература „М.И. Рудомино“.

Своето име во 1990 го добива по Маргарита Ивановна Рудомино, специјалист за библиотечна дејност, која била повикана за основање на оваа институција. Со текот на годините во библиотеката се слеале голем број странски книги, така што таа почнала да се проширува во повеќе згради.

Денес ова е една од најголемите библиотеки за странска литература во светот во која има 4,5 милиони книги на повеќе од 150 јазици, меѓу кои и на македонски.