Путин: Доминацијата на Западот завршува – доаѓа нова ера во светската историја

Многумина од западните и либерални критичари често велат дека, за жал, Русија нема што да му понуди на светот – во смисла на нови претстави и идеи за иднината. Но, на ова прашање претседателот на Руската Федерација, Владимир Владимирович одговори со контра прашање: „Добро е да се критикува ова, но, што самите вие предлагате да изградите наместо пропаднатиот англо-саксонски модел на глобализација?“ – Не така одамна, Владимир Путин вети дека ќе одговори на ова прашање во посебен напис или говор, но, засега, по трет пат во последните неколку недели, тој некако се навраќа на темата за доаѓањето на нова ера.

Така, во средата, говорејќи на форумот на Агенцијата за стратешки иницијативи за промоција на нови проекти „Силни идеи за ново време“, претседателот на Руската Федерација повторно зборуваше за новиот светски поредок, и додаде дека „вистинските револуционерни трансформации сè повеќе добиваат на интензитет“.

„Овие грандиозни промени, се разбира, се неповратни. И на национално и на глобално ниво, се развиваат основите и принципите на хармоничен, поправеден, општествено ориентиран и безбеден светски поредок. Овие промени ќе бидат алтернатива на постојниот или, можеби, да речеме, на претходно постоечкиот униполарен светски поредок, кој по својата природа, се разбира, станува кочница за развојот на цивилизацијата.“

Путин долго време го критикуваше атлантскиот проект за глобализација, а во последно време неговите критики сè далеку пожестоки:

„Моделот на целосна доминација на таканаречената златна милијарда е неправеден. Па, зошто оваа „златна милијарда“ од целото население на планетата да доминира со сите, да наметнува свои правила на однесување врз основа на илузијата на ексклузивност? Тие се расистички и неоколонијални во својата суштина, затоа и го поделија народот на прва и втора класа. Основната глобалистичка, наводно либерална идеологија, се повеќе се стекнува со карактеристиките на тоталитаризмот, преку што ја кочи креативната потрага по слободниот историски развој.“

Според Путин, Западниот англо-саксонски модел кој ги угнетува и експлоатира останатите делови од светот не може повеќе да опстои, поради што на светот му е потребен нов модел по кој ќе се движи во иднина.

„Се добива впечаток дека Западот едноставно не може да му понуди на светот свој модел за иднината. Да, се разбира, не случајно оваа „златна милијарда“ стана „златна“, постигна многу, но, ги зазеде своите позиции не само благодарение на некои спроведени идеи – во голема мера ги зазеде своите позиции поради грабежот на други народи и во Азија и во Африка. Индија беше ограбена толку многу, заради што и денес елитите на оваа „златна милијарда“ ужасно се плашат дека другите центри на светскиот развој можат да презентираат свои можности за развој. Но, без разлика колку западните и наднационалните елити се трудат да го зачуваат постоечкиот поредок на нештата, доаѓа нова ера, нова етапа во светската историја“.

Според Путин, „златната милијарда“ не произлегува само од идејата за сопствената ексклузивност, тој констатира дека нејзината идеологија е расистичка, неоколонијалистичка и постепено станува тоталитарна. Путин не само што го осудува глобалистичкиот либерализам, односно теоријата за единствената правилна доктрина, светлата иднина на целото човештво, тој делумно ги повторува и обвинувањата што ги искажуваа многу лидери од времето на Советскиот сојуз, кога не постоеше термин како „глобализација“, а Западниот свет едноставно беше окарактеризиран како „империјализам“.