Марија Захарова: Македонците и Русите се братски народи, со историски врски и меѓусебна почит, наспроти антируската хистерија

Нападите против Русија се обид да се заработат поени во очите на Брисел и Вашингтон, а попатно да се оттргне вниманието на Македонците од тешкотиите на денешницата, да се затскрие помирувачката политика на еднострани отстапки што Скопје ги практикува во односите со соседите од ЕУ.

Ова е одговорот на портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова во врска со обвинувањата на претседателот Стево Пендаровски за „руските агенти“ во Македонија.

Во интервју објавено деновиве во неделникот «Фокус», претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски изнесе низа сериозни обвинувања против Русија, вклучително и мешање во внатрешните работи на неговата земја. Како и обично, не приложи никакви докази, ограничувајќи се на општи фрази за постоење на релевантни сознанија. Демаршот на првиот човек на Република Македониjа очигледно е составен на ваков начин со цел каj пошироката публика да се создаде чувство дека станува збор за сложена аналитичка работа направена од авторот и неговиот тим, чии непријатни резултати тоj е принуден да ги претстави на судот на јавноста, се вели во одговорот на Захарова што го објави Руската амбасада во Македонија.

Во суштина, се додава во изјавата од Захарова, се работи за стремежот на председателот на Македонија да држи чекор со западните пропагандисти кои продолжуваат со беспрецедентен информациски напад врз нашата земја.

– Очигледно, ескападите против Русија претставуваат обид да се заработат поени во очите на Брисел и Вашингтон, а попатно да се оттргне вниманието на сопственото население од тешкотиите на денешницата, да се затскрие помирувачката политика на еднострани отстапки што Скопје ги практикува во односите со соседите од ЕУ. Русите се однесуваат кон Македонците со искрена почит, братски, историските врски меѓу нашите народи се отпорни на искушенија како што е антируската хистерија на властите на Македониjа, која, за жал, зема замав од ведро небо, му реплицира Захарова на Пендаровски.