Македонија донираше четири воени авиони „СУ-25“ на Украина

Македонија на Украина деновиве и ги донирала четирите воени авиони „СУ-25“. Македонија за  време на конфликтот во 2001 година ги купи од Украина за четири милиони евра.

Информацијата на „МКД“ засега не е потврдена од Министерството за одбрана, но не е ниту демантирана. Се работи за авионите што Македонија планираше да ги продаде уште во 2004 година.

Во пролетта 2003 година македонското Министерство за одбрана дeкларира дека во фopмaцискиот состав на АРМ веќе нема потреба од борбените авиони, а во 2004 година авионите биле пpизeмjeни, кoнзepвирани и подготвени за продажба.

„Точните детали за сите три одлуки, нивната содржина и објаснување ќе бидат декласифицирани и транспарентно објавени. Со досега донесените одлуки не се нарушува борбената готовност на нашата армија“, единствено одговориле од министерството.
Министерството за одбрана претходно ја потврди донацијата на тенокови за Украина дури откако на социјалните мрежи беа објавени фотографии од нивниот транспорт.