Го загрозиле животот на работникот – добиле награда од Фонд за иновации

  • Фејсбук статус на Јосиф Џолев

Среќник бр.1 – ВОРИ ЈОРДАНКА дооел Гевгелија – 100.000 евра од ФИТР

Среќата на фирма број 1 се падна на позната македонска фирма, како на нашите простори, така и во странство, чии производи и јас лично ги користам, фамилијарна фирма, 120 редовно вработени до 300 во сезона. Постои од 1991 година и произведува АЈВАР и се што може да се произведе од пиперки, патлиџан и слични златни благодети. Последната декада произведуваат и се што може од овошје.

Ајде да тргнеме на страна тоа што ова нит е прва фирма што произвела ајвар, нит е прва фирма што кажала дека ќе го менува производство за производство на ајвар (мислиш со магија се занимаваат, а не ајвар), се тоа тргаме на страна и да си направиме филм дека државата и Фондот за иновации мораат да ја спасат фирмата што постои и успешно работи 30 години.

Ајде да тргнеме на страна и дали правење лут ајвар и општо ајвар може да се смета за иновација во 2020 година, а да тргнеме на страна и тоа дека фирмата е една од најуспешните фирми во Македонија, т.е. тој кеш не е нешто посебно, не е цифра на кеш од кој зависи опстанокот на 1% од фирмата, земајќи предвид дека со истите пари може да се спасат минимум 5 животи на дечиња.

Значи се тоа тргнато на страна и одиме со инфо дека:

– Вори Јорданка ДООЕЛ последно соопштение на нивната веб страница им е од 2019 година и немаат никаков податок за нов производ последните 3-4 години колку што можев да скролам.

– Вори Јорданка ДООЕЛ редовно си ја водат ФБ страната и таму може да се забележи, покрај сите интервјуа, награди, фалби, реклами, слично, дека нов производ, посебно лут ајвар, последните 4 години, додека можев да скролам – НЕМА.

– Вори Јорданка ДООЕЛ од она што може да се изгугла имаат само 1 вид на лут ајвар, во неколку различни пакувања и тој си постои со декади, најверојатно од самото формирање на фирмата. Тоа може да се провери и на каталогот кој секој може да си го симне на нивниот сајт (фото бр.2), а и да тркне до првиот супермаркет и да се провери лично со свои очи.

Вори Јорданка ДООЕЛ ако го добиле кешот од 100.000 евра, тогаш еве веќе 3 години подоцна тие немаат произведено никаков нов производ, не пак очајно потребните 4 вида на лут ајвар за Македонија, за што морале да земат грант од 100.000 евра од Фондот за иновации.

Од интервјуто со сопственичката Јорданка Ристова, таа вели дека Вори Јорданка ДООЕЛ последните 4 години има пријавено приходи над 7 милиони евра (годишно), а добивка над 320.000 евра (годишно). Фирмата е во Топ 100 извозници во Македонија, а во 2020 година, годината кога очајно имала потреба од средства од Фондот за иновации, прогласена е за една од петте фирми скриени шампиони во Македонија со голем потенцијал за раст благодарение на успешните извозни позиции во регионот и пошироко.

Ајде да тргнеме на страна и тоа што фирмата немала потреба од пари, каде е тука моралот, мора моралот да почне да игра улога во државава, но најмал проблем е тука моралот.

Најбитно прашање за мене, ми чуе кое би било за ЈО -> КАДЕ СЕ 4-те НОВИ ВИДОВИ ЛУТИ АЈВАРИ ??, за кои е даден кеш од 100.000 евра од Фондот за иновации, како 25% од вкупната инвестиција од 400.000 евра.

Некои ќе кажат, ама Јосиф, ова е успешна менаџерка, успешна македоснка фирма, сега за 100.000 евра ли ќе цепидлачиме!? И јас така помислив на момент кога ја читав менаџерката сопственичка, која уште како бебе, во 1991 станува Управител на фирмата, НО, НО.. но многу ми е мило што баш ова се погоди како фирмичка бр.1, бидејќи со два скрола на чичко Гугл доаѓаме до една информација што баш ми е мило ако навистина има криминал фирмава, со оглед како сопственичката и нејзиниот татко се однесуваат кон вработените во својата фирма.

Имено, сопственичката на фирмата Јорданка Ристова и нејзиниот татко Ѓорѓе Прошев, во 2012 година се прогласени за виновни за “Тешки дела против општата сигурност“ и за тоа имаат добиено смешна максимална казна од 1 казна затвор УСЛОВНО, ако не го повторат дејството наредните 2 години. И се би било ОК ако тие си ја признале вината или минимум се помириле со одлуката на Основен суд Велес. Но НЕ, тие наместо тоа, се жалат до Апелационен суд во Скопје, кој ја потврдува пресудата од Велес, за потоа да бараат од Врховен суд да се повтори судењето во Основен суд, за што од Врховен суд добиваат образложение на неколку страни да си седат мирни за да не попијат казна како што вистински заслужуваат!! Кога го читав обазложението на Врховен, ми се згрози за што се бунат дотичните газди!? Тие се виновни што лице вработено во нивната фирма во оделот на пакување и затворање на тегли, го пратиле да работи со 80% оцетна киселина, по што лицето, неспособно и без упатства за таа работа, се здобило со повреди – останало без лице, раце, нозе!! И наместо менаџериве да се покајат, тие се борат до последна шанса против “осакатениот” засекогаш вработен, за што му платиле само мизерни 40.000 денари на оштетениот, покрај пресудата од 1 година затвор што не ја отслужиле!!

Затоа, ваква менаџерка, која вака се бори/борела за правата на работниците, голем мерак имам што е среќник бр. 1 кој еден ден ќе треба да ги правда ајварите што ги нема и парите што ги има. Се надевам народот ќе ја тера правдата до Врховен и назад!!

Сигурен сум газдарицата ќе прочита, се надевам нема да реагира, ова се си е од чичко Гугл, а се надевам дека нема да засука ракави и да проба летоска да камуфлира и етикетира т.е. меша 4 нови видови лут ајвар. Тоа ќе е полошо за неа во случај на суд и во случај да е виновна.

Ај доста е за Среќник бр. 1…

Значи имаме:

-име на иновација

– лут ајвар

– кеш од Фондот – 100.000 евра

– прво обвинение – каде е ајварот?