Здруженијата до Пецаков: Продавање на археолошки комплекс е национално предавство

  • Реакција на здружението Енхелеус Лихнид – Охрид

Почитувани,

Нашето Здружение кое е за заштита на природното и националното богатство, пред се како не владина организација нашата задача е да даваме идеи, сугестии, вршиме притисок кон јавните институции поради подобрување и подобра ефикасност кон спроведувањето на народните или национални добра и интереси. Во интерес на заштита на националното богатство советникот Виолета Аврамоска од Левица – Охрид , покрена поголем интерес за заштита земјиште кое е познато како археолошки комплекс.

Почитуван,
Градоначалник на Општина Охрид Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид

Нас не води емоцијата кон најстарото езеро во Европа Дисаретско, Лихнидско, Охридско и заедно со него повеќе од 170 археолошки локалитети. Милениумски културен хоризонт, оставен допир на нашите предци. Сето ова само законски мора и само може, да го оживееме со истражување, конзервирање и реставрирање, а наодите ќе говорот зошто светиот камен или Лихнидос денешен Охрид е раритет во Светот.

Туристичките понуди бараат нов предизвик за Охрид, бараат нова туристичка атракција, а ја имаме на 2 км каде што со заеднички сили веруваме дека ќе го направиме првиот отворен Музеј во Европа. Каде што посетителите ќе можат да гледаат, посетат, да бидат дел од временскиот период бакар, бронза, македонски период, ранохристијански, на археолошкиот комплекс Сончев Рид.

Утре петок 26 август 2022 година, Советот на Општина Охрид, ќе се разгледува за точката 35, која се однесува за продажба на државно земјиште кое припаѓа на населеното место Долно Лакочереј Општина Охрид.

Нашите информации говорат дека не е известено месното население на Лакочереј, не се известени и не се направени “официјални” состаноци од страна на јавни институции. Со што ќе образложат зошто тоа земјиште кое е под Долно Лакочереј, ќе се продава за цена од 70 денари. Иако имаше план за индустриска зона и тој не може да помине поради ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО.

Ако се работи за национално добро тогаш разбираме.

Но вака се прашуваме без прикажан проектен план за национално добро , директно само на гласање под точка 35 продажба на земјиште под територија на Лакочереј зошто и :

Поради која цел се продава?
Кој ќе биде идниот сопственик?
Дали тоа е проект за државна, национална интерес или партиско-маалски интерес?
Дали ќе можат и жителите на Лакочереј, Орман, Оровник, Подмоље, охриѓани да си купат за 2000 евра, 2000 квадрати ?

Но пред да се преземе било каков чекор за тоа земјиште треба да се има на УМ, дека е веќе земјиште од висока категорија, истото веќе е заштитено со закон за ЗАШТИТА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО.

Не се работи само за археолошки локалитет, туку се работи за АРХЕОЛОШКИ КОМПЛЕКС.

Во период кога го имаме најголемиот идентитетски,национален,државен, образовен пад и свесно деградирање на националните,културните блага на Македонија, ќе го сметаме ова за национално предавство. Уништувањето на светско културно наследство свесно со отуѓување значи и уништување на археолошкиот комплекс Сончев Рид.
И веднаш да се преземат чекори ве замолуваме за доброто на државата и Охрид за бел образ пред светот. На влезот од Охрид да се острани депонијата и бетонската база која е на само неколку стотици метри од брегот на езерото. На влезот на градот од СВЕТСКО НАСЛЕДСТВО, ВРЗ СВЕТСКО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО.

Во археолошкиот комплекс околу Мауцкер влегуваат следниве локалитети :
Археолошкиот локалитет Енгелана или Македонската Микена од(рана антика) ран македонски и македонскиот период (Филип II Македонски).
Археолошки локалитет Свети Еразмо. Базилика која е посветена на истоимениот светец кој го слави цела ЕУ.
Чекоштина, Габавци, Козлук…(Планираме добронамерно дека ќе ни дозволите нас невладиниот сектор утре да продолжиме пред советот за ова светско наследство).
Застануваме заедно за одбрана и заштита на националното богатство со светско значење.

Поради значењето на овај археолошки комплекс од светски рамки, а веќе и обработена проектна идеа за првиот отворен Музеј во Европа. Со добра мисла сакаме утре нашето Здружение да се обрати пред Советот на Охрид и како правен субјект со аргументи и факти да го пренесеме неговото светско значење со кое нудиме економска бомба и нова туристичка атракција која ќе ги опфати :

Општина Охрид
Општина Струга
Општина Дебрца
Општина Вевчани

Ви благодариме на вниманието.

Со почит,
Енхелеус Лихнид