Кога ќе се дигнам дека сум „градско дете“, се потсетувам дека работниците на село се поеманципирани од мене и вообразеноста ми поминува

Селата во близина на Кумановско претежно се занимаваат со земјоделство и сточарство. Оние што се занимаваат повеќе со земјоделство најчесто не чуваат стока или чуваат помалку, барем во село Сув Ора. Моите се дел од тие кои воопшто не чуваат стока, и секоја година немаат што да прават со тревата што се собира по нивниот двор и овоштарник. Затоа, секоја есен, тие плаќаат на комшиите за да ја соберат таа трева и да ја дадат на својата стока како храна.

Јас, како дете израснато во Скопје, силно индоктринирано со либералната пазарна догма на денешното општество, како мал не можев да сфатам нешто што на жителите на Сув Ора им беше јасно како ден. Зошто тој што ја има тревата, ја поседува тревата, треба да му плати на другиот да ја земе тревата? Зошто другиот да ги земе и парите и тревата? Како е тоа фер и нормално?

А одговорот беше толку прост и не бараше никакви ментални гимнастики од моја страна. „Другиот го плаќаме, бидејќи тој ќе коси (работи)“, ми велеа моите, иако јас не сфаќав што ми велеа. На жителите на Сув Ора им беше јасно дека вредноста е објектифициран труд, дека тревата што сама се родила не е производ на труд и нема вредност, дека косарот добива надомест за својот труд да ја искоси тревата и да го исчисти дворот/овоштарникот, без воопшто да им биде замаглено сфаќањето од догми за понуда и побарувачка, за приватна сопственост и сл. Јас, од друга страна, не можев така јасно да погледнам на работите.

И денес, кога ќе се вообразам и дигнам дека сум „начитано градско дете“, се потсетувам на тоа дека тие од кои помислувам дека сум многу попаметен и поеманципиран, всушност многу порационално и покритички размислуваат од мене и не паѓаат на ефтини фори како градските wannabe газди фаци. И вообразеноста одма ми поминува.

Автор: Јован Крајевски, член на Президиумот на Левица

Селата во близина на Кумановско претежно се занимаваат со земјоделство и сточарство. Оние што се занимаваат повеќе со…

Публикувахте от Jovan Krajevski в Вторник, 4 юни 2019 г.