(Видео) Како ЛДП опстојува како партија и за колку се продава како украсен приврзок на секоја влада

Од извори на порталот А1он, дознаваме дека Горан Милевски во тригодишниот мандат како министер за локална самоуправа, успеале да добијат вработување или хонорарно да бидат ангажирани негови роднини, партиски истомисленици и пријатели на неговиот баџанак во разни институции и во министерството во кое раководи.

Имено, станува забор за лица кои што покрај тоа што работат во државни или локални институции тие паралелно и членуваат во управен одбор на друга институција.

Такви се примерите со Борче Груевски од Битола, кој е вработен во Општината во одделението за култура и истовремено членува во управниот одбор на Комисијата за пошти. Потоа Андреј Јосифовски кој како баџанак на Милевски добивал паушал од 45.000 денари како член на Комисијата за пошти, а истовремено е директор на сектор во Државна лотарија и до неодамна шеф на општинскиот изборен штаб на ЛДП во Центар. Потоа Андреј Крстевски и Томица Никололовски кој е претседател на општински изборен штаб во населбата Кисела Вода како другари на баџанакот исто така биле вработени во Државна лотарија кој патем има три исплати од по 33.000 денари и една од 19.000 денари од Министерството за локална самоупорава. Љубомир Таневски со 22 исплати од 58.332 илјади денари. Бисера Јакимовска била ангажирана за потребите на министерството во време на градоначалничкиот мандат на Андреј Жерновски. Таа имала исплата од вкупно 151.921 илјади денари.

Има и такви кои се исплаќани преку проекти на Швајцарската агенција за развој и соработка. Александар Мишев, кум на Андреј Јосифовски, кој од средината на март е нов претседател на општинската организација во Центар. Тој има девет исплати во сума од 81.821 и четири по 102.280 денари. Филип Димитровски како ученик на Милевски добил осум исплати од 81.823. Теодора Димитровска, девет исплати од кои осум исплати биле од 53.277 денари и еден месец со 69.260 денари.

Според извори на А1он, имало и други ангажмани од институцијата со авторски договори преку агенција. Дополнително А1он од Швајцарска амбасада дознаваат дека за Министерството за локална самоуправа има швајцарски придонес од 4 милиони швајцарски франци во кои имплементатор е самото министерството со прокети кои се спроведуваат во неколку фази.

Вака отрпилика стои шемата по која фунционира партијата ЛДП каде врие од непотизам и каде што партијата опстојува само за лични потреби на партиски поединци блиски до Милевски.