Апасиев: Да нагазиме уште денес и да испишеме историја

Лидерот на Левица Димитар Апасиев посочи дека кандидатката на Левица за претседател на Македонија, Билјана Ванковска, досега има собрано 9.881 потпис.

-Екипо, да нагазиме уште денес и да испишеме историја! Прв претседателски кандидат на Левица кој достојно ќе се бори за Македонија. Сите кои не сте го сториле тоа, потпишете се уште одма во подрачните одделенија на ДИК во вашите општини. Ајмо – денес е облачен ден, ама убав за левичарите, порача Апасиев.

Законскиот минимум на потписи потребни за една претседателска кандитура е 10.000.