(Видео) Исмаил: ДПМНЕ и СДС застапуваат приватни-бизнис интереси во Советот на Град Скопје
Советникот Реџеп Исмаил – Хактан за иницијативата на ДПМНЕ за издавање простории од страна на училиштата и јавните установи, без градот да има удел во постапката. Ваквата одлука е на штета на јавниот интерес и денес истата беше изгласана од советниците на СДС и ДПМНЕ.
„На денешната седница на Советот на Град Скопје, СДС и ДПМНЕ со иницијативи кои директно застапуваат приватни-бизнис интереси пред јавниот интерес.
СДС, со иницијатива која има за цел да овозможи узурпација на јавен простор од страна на „Ист Гејт Мол” и на тој простор да си наплаќа паркинг. Додека пак, ДПМНЕ, преку бирократско-правни финеси го запакува бизнис-интересот на оние кои во четири очи си закупуваат простории од училиштата и Јавните установи на Градот, без притоа Градот да има удел и контрола врз тоа.
ДПМНЕ со оваа иницијатива ја отповика претходната одлуката на Советот на Градот, која пред само неколку седници токму советниците на ДПМНЕ ја изгласаа; одлука со која се овозможи спроведување на политика за ставање крај на безредието и злоупотребата со издавање на јавните површини и просториите на училиштата и Јавните установи под Градот.
Додека со денешната нивна иницијатива, советниците на ДПМНЕ ја отповикаа и ја вратија старата одлука во сила, со која повторно ќе се овозможи издавање на јавните површини и просториите на училиштата и јавните установи по багателни цени.”