Славољуб Слава Ковиќ (1924-1942)

  • На својот фејсбук профил, пратеникот и претседател на Политичката партија Левица, Димитар Апасиев, го напиша следниот статус во чест на младинецот Славољуб Слава Ковиќ, стрелан од фашистите:

Младинецот Славољуб Слава Ковиќ (1924-1942), сликан на свои 18 години, непосредно пред да биде стрелан од фашистите, со врежаната крвава петокрака на челото!

Бил заробен од Германците. Поради тоа што бил слаб и неухранет, мислеле дека лесно ќе му изнудат признание. Барале да ги издаде партизаните, на кои им бил курир. Му нуделе и пари и удобен живот. Слава ќутел! Потоа преминале на мачење. Ѕверски го тепале и се изживувале врз него. Слава ќутел! На живо му гребеле петокрака на челото! Слава пак ќутел!

Во знак на вечно сеќавање за неговата другарска саможртва, еден поет ја напиша Поемата за ќутењето:

„Тоа на што Ти се одлучи, не го може секој.

Тоа мора да се памти!

И кога несреќите ќе си отидат,

Од Твоето чело