Левица до Пецаков: Продажбата на археолошки комплекс е национално предавство

  • Реакција на Политичката партија Левица

Пред утрешната седница на советот на општина Охрид, неколку еколошки здруженија и активисти за заштита на културно наследство побараа градоначалникот Кирил Пецаков да ја тргне точката за продажба на индустриската зона Мауцкер.

Од здруженијата потенцираа дека областа Мауцкер претставува дел од археолошки комплекс, со светски значајни материјални добра.

Во овој археолошки комплекс, значајни национални добра претставуваат археолошкиот локалитет Хермелеја, Козлук, Габавци, ранохристијанската базилика посветена на Свети Еразмо, Чекоштина, Енгелана.

Поради значењето на овој археолошки комплекс од светски рамки, а веќе и обработена проектна идеа за првиот отворен Музеј во Европа, здруженијата побараа утре да се обратат пред Советот на општина Охрид и преку аргументи и факти да го пренесат неговото светско значење пред локалната власт.

Советничката од Левица, Виолета Аврамоска, со цел да ја спречи продажбата на оваа значајна локација по почетна цена од 70 денари квадрат, поднесе 80 амандмани по истата точка.
Пред утрешната седница, повикуваме на здрав разум од страна на градоначалникот Пецаков кон ова културно наследство, особено во моменти кога македонскиот идентите и култура е под континуиран напад.

Советничката од Левица ќе ги искористи сите механизми за да ја спречи реализацијата на оваа погубна идеја и Охрид и нашето културно наследство повторно да биде жртва на нечии коруптивни и бизнис – зделки.