По наредба на Бајден – САД изврши воени напади во Сирија

Американската армија изврши повеќе воздушни напади во Сирија. Tие велат дека наадите се ивршени врз цели на „милитантни групи поддржани од Иран“, кои ги обвинија за претходен напад со беспилотно летало.

Во нападите загинал еден, а повредени се неколку припадници на американскиот персонал. Пентагон синоќа објави за нападот врз американскиот персонал и за американските воздушни напади врз милитанти.

Нападот на базата на коалициските сили кај Хасака во североисточна Сирија се случил околу 13 часот и 38 минути по локално време, а според извештајот на Пентагон загинал еден член на американскиот технички персонал, друг е повреден, како и пет американски војници.

Според разузнавачките информации, постои сомневање дека нападот е извршен со беспилотно летало од иранско потекло, соопшти американската армија. Иако информацијата дека „ирански милитантни групи“ го извршиле нападот е еднострана и без објавени докази, американскиот секретар за одбрана Лојд Остин истакна дека одмаздничките напади биле извршени по наредба на претседателот Џо Бајден.

„Воздушните напади беа извршени како одговор на денешниот напад, како и на серија неодамнешни напади врз коалициските сили во Сирија од страна на групи поврзани со ИРГЦ“, истакна Остин.