24 години од бомбардирањето на НАТО врз Југославија

На 24 март 1999 г. НАТО без одлука на Советот за Безбедност на ОН, започна терористички напад врз СР Југославија. Најмладата жртва на агресијата на НАТО беше двомесечното бебе Сука Фитим, кое почина при гранатирање на селото Кориш, во близина на Призрен.

За неполни три месеци беа испукани 1300 крстосувачки ракети, 37 000 касетни бомби – при кои загинаа 1031 војници и полицајци, имаше 6000 ранети цивили од кои 2700 деца и 79 мртви. На удар на НАТО беа и 25000 станбени објекти, 39 болници, 18 градинки, 69 школи, 44 мостови, РТС, амбасадата на Кина, патнички возови…

Беше гаѓано со проектили со осиромашен ураниум, при што голем дел од населението на Косово и Метохија и Србија (меѓу кои и деца) заболеа и умреа од рак. Од првиот контигент на италијански КФОР војници имаше најмногу заболени од рак. И ден денес последиците од ураниумот ги чувствуваат жители на Косово, Србија, Македонија и Црна Гора.