Не постои демократија, слобода на изразување и културна критика за раководството на Кромберг и Шуберт

Пред неколку денa Николче Митревски (член на Левица – ЛО Битола), на својот фејсбук профил објави статус во кој го критикуваше раководството на фабриката Кромберг и Шуберт. Неговата критика беше насочена кон заштита на работничките права и немоста на инспекциските служби, непотизмот при унапредувањето, укинувањето на бонусите за работниците, бројот на отпуштени работници, како и исплаќањето на спонзорства од страна на фабриката (за трети лица и настани), додека вработените работат за или под минималец. За оваа критика, само неколку дена подоцна, тој доби отказ.

Со упатување и искажување на незадоволство од работењето на македонското раководство во фабриката ми следуваше експресен отказ, т.е изигрување на законот за наводна редовна селекција на вработените, иако работата си ја извршував строго професионално за што сведоци се и самите колеги како и дел од претпоставените, исто и не сум имал неоправдано отсуство на работно место во 4ипол годишниот стаж.

Мора и да се напомени дека после објавувањето на статусот ми следуваа и закани од раководството.

Како што можевме да видиме од паролите, иако фабриката промовира дека ”сите вработени се исти” таа сепак фаворизираа дел од работните места, поттикнуваа озборување меѓу вработените, поттикнуваа непристојно облекување, и не жалам ниту секунда за објавата и експресниот отказ.

Исто и многу битно шо мора да се напомени е дека фабриката е направена во лична прчварница на раководството со македонски просто-несоцијализирани и диктаторски корени, за жал инспекциите не одат на терен за да бараат отчет за работата, а ниту пак истражувачите новинари да ја проверат состојбата со хаосот од непотизам, кој што речиси и да нема човек различен од оператор, а да не фатил ”врски” за поголема функција, чест на тие што се различни од оператор, но се бројат на рацете од прстите.

Раководството не почитува ниту нивни закони за унапредување, како главни предуслови за некоја одговорна функција е познавање на англиски, па сведоци сме дека прво се поставува на одредено лице на таа функција, па потоа го учи англискиот јазик – што е главен предуслов да бидеш нешто различно од оператор во производство.

Додека врските и непотизмот успеаа да го вградат неписменото и неодговорно раководство, огромен образовен и спремен, кој за жал потекнува од не влијателни сиромашни работнички семејства и партии, умира по линиите и е под невидена агресијата на спорни претпоставени, без притоа да има право на никаква побуна или искажување на мислење различно од спроведувачите на хоророт врз работникот!

Тука ќе завршам, бидејќи за теророт врз работниците може да се напиши и книга со 500 страници, но нема да застанам додека положбата на работниците значително не се подобри и конечно да се вреднувани пред се како луѓе, а не како бројна стока која само безгласно стравувајќи за својата иднина ж ќе климнува со главата додека се изживуваат врз нив некомпетентни луѓе. Затоа и станав член на партијата Левица за борбата да ја водам токму од таму. Фактот дека 10,000 лица ја напуштиле фабриката јасно укажува за тоа кои раководи толкава маса бесни, но сеуште уплашени незадоволни луѓе.

После четири и пол годишен стаж во фабриката на непотизмот и пола година до остварување на договор неопределено работно време, добивам атак заради вистинска критика од која огромен број на колеги ме поддржаа, но сиромаштијата и стравот си го направија своето да никој не се осмели да му се спротистави на хоророт од раководството!

И благодарен сум за отказот и конечно нема да се срамам за тоа да кажам каде работам и кој ми е надреден, бидејќи ова е дното и сум убеден дека го нема на никое друго место, ниту во светот, ниту во државата, ниту во градот!

п.с. Само во македонската фабрика нема организирано штрајк и искажување на револт, благодарение на режимот на раководството за кое државата е тотално незаинтересирана!”