Левица: Спасовски ги приватизира полициските одмаралишта

  • Реакција на Левица – Сектор Безбедност

Од извори во МВР Левица дознава дека Министерот Оливер Спасовски преминува на приватизација на полициските одморалишта. Овие одморалишта се наменети да бидат со цени пристапни за сите полициски службеници и се единствен начин многу од членовите на МВР да си дозволат летување или зимување со оглед на релативно ниските примања.

Планот за приватизација оди во две фази. Во првата, сегашната, фаза, Спасовски преку соработници во синдикатот и ДУИ системски ги уништува одмаралиштата спречувајќи да се врши набавка на потребни материјали и нивно континуирано работење.

Во втората фаза, според дојавите, Спасовски планира да ги даде под концесија на луѓе блиски до него лично за така индиректно да остварува личен профит на грб на полицајците.

Спасовски често изјавува како грижата за полициските службеници му е на прво место, но неговите дела низ годините, од кое ова е само најновото, зборуваат спротивно. Ставот на Левица е дека одморалиштата, како и сите преостанати елементи на социјалната држава, не смеат да се приватизираат и мора да се стават во целосна употреба за оние за кои се наменети.