Уставниот Суд донесе одлука Коридор 8 и 10 да се градат без тендер

Специјалниот закон пред Уставниот суд беше оспорен од страна на Антикорупциската комисија, која побара да се стопира неговата примена и биде поништен. Антикорупционерите за овој закон оценуваат дека постои висок ризик од корупција и судир на интереси, и велат дека е противуставен, со правни празнини кои оставаат простор за политичко влијание, тргување со моќ и дискреција при формирањето на Комитетот кој треба да преговара со инвеститорот.

За специјалниот закон за Американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка да ги гради автопатите од Коридор 8 и 10 без тендер, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ немаа забелешки и го донесоа по скратена постапка, а веднаш беше потпишан од претседателот Пендаровски.

Потсетуваме, на почетокот од годината беше соопштено дека е потпишан Меморандум за соработка со американско – турскиот конзорциум Бехтел и Енка, каде присуствуваше и амбасадорката Кејт Брнз. Овој факт отвора сомневање американската амбасадорка да има лобирано за овој автопат „во четири очи”.

Артан Груби ја поздрави оваа одлука на Уставниот суд, „Голема благодарност до уставните судии за покажаниот професионализам, до колегите министри, пратениците и сите кои се дел од остварувањето на големиот сон. “ – напиша министерот.