Маричиќ потврди дека Законот за попис не прави разлика меѓу вкупно попишано и резидентно население

Членот на Президиумот на Левица – Јована Мојсоска, на својот фејсбук-профил објави дека Законот за попис не прави разлика помеѓу вкупно попишано население и резидентно население. Таа се повика на изјава на министерот за правда, Бојан Маричиќ, кој изјави дека процентот што ќе биде репер за правична застапеност при вработувања ќе биде вкупно попишаното население – а не населението кое е присутно во Македонија.

„Во Уставот се вели граѓаните коишто зборуваат најмалку 20% јазик различен од македонскиот ги уживаат овие права и може да ги користат овие права кои ги спомнавте. Кога се вели граѓаните, тоа секако се мисли на државјаните.“

Како практично, иако хипотетичко прашање, доколку одредена јазична или етничка група во земјава е присутна меѓу резидентното население како 5%, а меѓу вкупното население е 15%, тогаш кој процент ќе биде земен како репер за правична застапеност при државните вработувања?

Мислам дека го одговорив тоа прашање, значи секогаш се цени вкупниот број на државјаните.

– Значи ќе биде 15% иако е само 5% присутно?

Секако. Затоа што нашиот Устав укажува дека ги дава правата на граѓаните, а тоа се сите државјани. Не може да читаме поинаку бидејќи се друго би било проблематично“, изјави Бојан Маричиќ за 360 степени.

Како реакција на ова изјава, Мојсоска напиша:

Одложување на пописот не смее да е само поради пандемијата, во услови кога насилнички, БЕЗ КОНСЕНЗУС беше усвоен Законот за попис во скратена постапка – со злоупотреба на европско знаме. Истиот не прави разлика помеѓу вкупно попишано население и вкупно население (присутно во РМ).

Токму заради тоа, Методологијата (која ги предвидува овие термини) не беше дел од Законот, туку неа ја донесе дискреционото право на директорот Апостол Симовски. Во сите европски држави и според сите стандарди на Еуростат, Методологијата МОРА да е дел од Законот – и истата да биде усвоена со широк консензус, а не да ги изразува коалиционите апетити на естаблишментот.

#НеОтворамВрата за политичките дилови на владејачки дилетанти.”

Одложување на пописот не смее да е само поради пандемијата, во услови кога насилнички, БЕЗ КОНСЕНЗУС беше усвоен Законот…

Posted by Јована Мојсоска on Tuesday, 16 March 2021