Левица: продолжува узурпацијата на Беровско езеро – Пекевски аминуваше хотел за семејството на потпретседателот на СДСМ

  • Реакција на Левица – ЛО Берово

Градежниот бум и узурпацијата на зелени површини близу Беровското Езеро никако да престане. Последниот скандал поврзан со “неконтролираното“ градење покрај Беровското Езеро е поврзано со потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев.

Имено, на неколку денови пред локалните избори минатата година, таткото на Стефан Богоев купил атрактивно градежно земјиште со вкупна површина од 7.578 квадратни метри.

Она што фрла сомнеж на купопродажбата е тоа што двете парцели се купени по сума од 50 илјади евра, односно 6,5 евра по метар квадратен. Дополнително, купопродажбата се случува на неколку денови пред локалните избори и во време кога градоначалник на Општина Берово е Звонко Пекевски, кој е дел од СДСМ.

Оттука се поставуваат следните неколку прашања:

1.Дали Звонко Пекевски ја искористил својата партиска блискост со Стефан Богоев за олеснување на купопродажбата?
2.Зошто цената на атрактивната парцела е многу пониска од околните?
3.Дали со плаќањето понизок данок поради ниската купопродажна вредност директно е оштетен буџетот на Општина Берово?
4.Дали маркицата за хотелот е вцртана по наредба на Звонко Пекевски, како би ги исполнил апетитите на Стефан Богоев?
5.Дали наместо интересите на жителите на Берово, Звонко Пекевски ги брани интересите на неговите партиски колеги?