Драги јазичари, бранејќи го јазикот не може да се оградувате од останатите политички тековини

Статут на Реџеп Исмаил – Хактан, член на Президиумот на Левица.


Драги ЈАЗИЧАРИ, бранејќи го јазикот не може да се оградувате од останатите политички тековини кои спроведувајќи се во минатото практично го укинаа македонскиот народ!

Како на пример, не може да се правите наудрени за ПОПИС кој категоријата „Македонец“ од конститутивен народ на една држава ја сведува на етничка заедница, како и сите останати во таа каша од мултикултурализмот. Додека пак од друга страна, таа иста заедница нема друга држава преку која ќе ја гаи националната култура, тука вклучуваќи го и јазикот како (можеби ете) најсилен елемент на таа култура…

Истото се однесува и на музичарите, поетите, литерари и сите останати од уметничката фела…па и оние од научната кои творат на тој јазик – кому ќе служи тој јазик кога народот го нема. Ослободете се од притисокот кој сиве овие години ви го наметнаа платените активисти дека анти-национализмот е исто што и анационалноста. Доста е веќе, зарем сиве овие години не гледате каде води нивната агенда, навистина не ми е јасно што очекувате вие, Македонија и македонскиот народ да предводи во историјата кон урнисување на глобално зацементираниот принцип на нација-држава?!

Ако мислите дека ќе бидете некакви си белосветски јазичари и уметници кои творат на својот јазик за глобалниот свет, многу се лажете. Погледнете ги само Курдите и состојбата со нивниот јазик и култура и ќе сфатите колку грешите. Бидејќи како што констатира Жорж Батаj: „постоењето на народот е тесно поврзано со постоењето на јазикот… затоа памет у глава, оти патетиките и жалопојките отпосле не ве амнестираат од одговорноста и задачата која ја имате сега.”


Драги ЈАЗИЧАРИ, бранеќи го јазикот не може да се оградувате од останатите политички тековини кои спроведуваќи се во…

Posted by Реџеп Исмаил on Wednesday, 17 March 2021