Цивил шират кампања за попис додека Дерала е позитивен од ковид-19

Невладината организација Цивил на Џабир Дерала периодов активно е вклучена во агитација за спроведување на пописот, преку одржување панел дискусии на тема „Попис: Статистика, не политика.”

Денес Дерала на својот-твитер профил објави дека решението за ковид-изолација доцнело еден месец, најверојатно алудирајќи на себе.

Македонски пошти… Решението од ДСЗИ за ковид-изолација испратено на 24 јануари, има штембил од поштата со датум од 28 јануари, поштарот го донесе утрово на врата. Се изнамачиле, кутрите, што побрзо да ја завршат работата за испраќачите и примателите на писмо. – напиша Дерала.

Цивил досега има организирано панел дискусии во Штип, Гевгелија и Гостивар, а од објавените видеа може да се заклучи дека и Дерала бил присутен. Се поставува прашањето дали Цивил додека шират кампања за попис за време на пандемија (финансирана од американскиот институт NED), истовреме шират кластер додека секојдневно бројките на заразени од корона-вирус растат.