Сè што треба е само спокојно да не отворате врата

Статус на Саше Јанчев, член на Централен Комитет на Левица и модератор на ЛО Гевгелија

„Вчера очевидец бев на ситуација во зграда во Скопје. Влезе попишувач и од приземје до кров ниту една врата не му отворија. Попишувачот зачуден праша да не случајно не живее никој во становите и истите да не се издадени за канцеларии на фирми. Одговорот беше не и дека работата е во тоа што никој не отвора.

Арно ама ова нема да го видите во медиуми ко Дојче веле и останати провладини медиуми кои брзаа да направат репортажи како се попишува во двор, демек безбедно е, и дека пописот тече успешно и дека уште прв ден се попишале 100 милиони луѓе.

Нема врска што добар дел не отвора врата и што уште прв ден имаа проблеми со апликацијата, а денес падна целосно системот и има целосен прекин. Они ќе ви пуштаат вакви вести за да ве одвратат од намерата да бојкотирате. Исто ко што пуштаа вести со цел да ве натераат да излезете и да гласате на референдумот. И сето ова е платено со наши пари, директно или индиректно.

Војна е ова. Информациона војна на власта против народот и затоа не се возбудувајте од секакви вести. Се што треба е спокојно само да не отворате врата.“