АктуелноИнтернационално

Кинеското Министерство за надворешни работи се спротивстави на американските санкции против Русија

Не смее да се дозволи ситуација во која сите други земји ќе треба да платат за едностраните санкции на Вашингтон, истакна портпаролот Жао Лиџијан.

Тој додаде дека за Кина едностраните санкции на САД против Русија се неприфатливи, бидејќи сите други земји на крајот ќе мора да платат за нив.

„Соединетите Американски Држави се голема сила и тие имаат посебна одговорност за почитување на правилата на светскиот економски систем и за одржување на неговата стабилност. Не смее да се дозволи ситуација во која сите други земји ќе мора да платат за едностраните санкции на Вашингтон‘‘

Според кинескиот дипломат, американската влада „мора да ги исправи своите стари грешки‘‘ и да обезбеди помош за руско-украинските мировни преговори.

„Војната и санкциите не се единствениот избор”

Рускиот претседател Владимир Путин на 24 февруари започна специјална воена операција во Украина како одговор на барањето помош од лидерите на републиките во Донбас. Тој нагласи дека Москва нема планови за окупација на украинските територии, а нејзината единствена цел е демилитаризација и денацификација на земјата.

Потоа, Соединетите Американски Држави, Европската Унија и Велика Британија, како и голем број други земји воведоа санкции против руски физички и правни лица.