Името на Јуриј Гагарин избришано од Вселенската конференција затоа што бил Русин
Конференција на вселенската индустрија го отстрани од еден свој настан името на прославениот советски космонаут Јуриј Гагарин, првиот човек што отпатувал во вселената.
Непрофитната Спејс фондација со седиште во Колорадо објави во сега избришаната белешка дека „во контекст на актуелните светски настани“ на својата конференција Вселенски симпозиум ќе го смени името на настанот за собирање средства од „Ноќта на Јуриј“ во „Празнување на вселената: Откријте што е следно“.
„Фокусот на овој настан за собирање средства останува ист – да се слават човековите достигнувања во вселената и истовремено да се инспирира следната генерација да посегне по ѕвездите“, се забележува во избришаните белешки.
Ова е прилично сомнително покажување солидарност со украинскиот народ, вели Футуризам, особено ако се земе предвид дека Гагарин работеше за СССР, сосема поинаква земја од денешна Русија. А шлагот на тортата? Украина, всушност, се чини дека го обожава Гагарин и неговото монументално достигнување.
“In light of current world events, the 2022 Space Foundation Yuri’s Night is renamed ‘A Celebration of Space: Discover What’s Next.’” 🤔 https://t.co/xBS7ynmA41
— Jeff Foust (@jeff_foust) March 15, 2022
Бришењето на името на првата личност што некогаш полетала во вселената додека наводно се слават „човековите достигнувања во вселената“ е доволно лошо, вели њујоршки Футуризам, но тоа да се прави како дел од трендот на отфрлање на сите работи од Русија, вклучително и познати композитори и прехранбени производи, во услови на актуелната инвазија на земјата на Украина, едноставно е срамота.
as seen at the Wisconsin mustard museum pic.twitter.com/tynV4sCg5c
— David is Employable (@ExodiacKiller) March 13, 2022
На пример, 50-годишнината од неговиот пионерски лет во вселената е одбележана на украинска марка од 2011 година. А неодамна бомбардираниот стадион Чернихов Советите уште во 1960-тите го преименуваа во „Стадион Јуриј Гагарин“, а навивачите сè уште го нарекуваат така, и покрај новото официјално име.
Во пост објавен минатата година за честопати занемаруваните односи на Гагарин со Украина, Политехничкиот институт Игор Сикорски во Киев истакна дека за време на неговата прва и единствена посета на главниот град во 1966 година, космонаутот искажал најубави зборови за главниот град на земјата, која во тоа време беше дел од СССР.
„Мојот пријател Павел Попович многу ми раскажуваше за убавината на Киев“, наводно рекол Гагарин при посетата на ученици во младинскиот центар, „но она што го видов со моите очи е неспоредливо со она што го слушнав!“
🇺🇦❤ ‘Tribute to Yuri Gagarin’ by Ukrainian Andrey Palval in Kyiv, Ukraine (2013) #yurigagarin #andreypalval #kyivstreetart #stopthewar #streetart #lamolinastreetart 📷 via GlobalStreetArt https://t.co/bSWY67B6iL pic.twitter.com/n0IumCQk9X
— 𝕃𝕒 𝕄𝕠𝕝𝕚𝕟𝕒 𝕊𝕥𝕣𝕖𝕖𝕥𝕒𝕣𝕥 (@MolinaStreetArt) March 7, 2022
Ова не е првпат геополитиката на планетава да влијае на светот на вселенските летови – по ѓаволите, па НАСА веројатно немаше толку брзо да стигне до Месечината ако не беше Студената војна, вели Футуризам.
Вселенската соработка меѓу Соединетите Американски Држави и Русија доведе до извонредно меѓународно единство и научни истражувања со децении, дури и кога политиката, понекогаш, го напрегнуваше тој деликатен сојуз.
Цензурирањето на името на Јуриј Гагарин нема да му помогне на ниту еден Украинец да се одбрани од инвазијата на Русија, но служи како уште еден потсетник дека нечесниот активизам честопати ѝ пркоси на реалноста, вели Футуризам.
Извор: мкд.мк