Тулси Габард, кандидатката за претседателка на САД е цензурирана на YouTube и Google

Гостување на Тулси Габард, кандидатката за претседателка на САД од редовите на Демократската партија, е цензурирано на YouTube и Google поради тоа што ја критикува инволвираноста на САД во руско-украинскиот конфликт.

Во самото видео, Тулси Габард потенцира дека:

– САД има прилика да помогне во мировните преговори и да допринесе до брзо разрешување на конфликтот, но наместо тоа, работи во насока да го продлабочи
– на воено-индустрискиот комплекс му одговара подолготрајна војна, како таа во Авганистан
– Џо Бајден, Хилари Клинтон и Камала Харис го лажат американскиот народ кога велат дека борбата на украинците во себе вклучува и борба за многубројни слободи на американците и дека се исплати инфлацијата створена во име на војната

Социјалните медиуми си земаат улога слична на инквизиторите во католичката црква и потенцирањето на овие едноставни вистини го сметат за ерес штетен на воената пропаганда. Цензурираното гостување сѐ уште може да го видите на Twitter.