АктуелноЛокално

Предложениот ДУП за Влае е во спротивност со интересите и потребите на жителите

  • Реакција на Левица – ЛО Карпош.

Предложениот Детален урбанистички план за Градска четврт СЗ19 кој се однесува на делот помеѓу Булеварот ,,Партизански одреди”, реката Вардар, ул. ,,Ацо Шопов” и ул. ,,Војвода Васил Чакаларов” е целосно во спротивност со интересите и потребите на жителите на Влае.

Зградите предвидени на државно земјиште, зголемување на катноста на објекти вцртани со претходниот ДУП и намалувањето на зеленилото се целосни неприфатливи и ќе допринесат кон отежнување на нормалното живеење на влаевчани.

Оттука, Левица е против носењето на овој ДУП, без усвојување на барањата на жителите на Влае. Истовремено, ги повикуваме и останатите советници јавно да се изјаснат околу ставот за предложениот Детален урбанистички план.