ГО САКАМ ВОДНО – “Итен прекин на изградбата на гасоводот низ Водно”

Во целост ви го пренесуваме соопштението на иницијативата “Го сакам Водно”.

“Влада на Република Македонија итно да ја повлече одлуката во врска со продолжување на изградбата на гасоводот низ Водно, донесена средата, 22.08.2018! 

Да ги преиспита сите заклучоци при таа одлука и да го прекине силувањето на Водно!

Механизацијата е вклучена истиот ден од прес конференцијата на Макрадули, Шилегов, Реџепи и Сугарески и донесената владина одлука!

Врз основ на сите нерегуларности, донесената владина одлука ќе ја оспориме правно. Направена е штета која не смеела да се направи, прекршени се процедури, не се спроведени задолжителни мерки, итн.

Ова е класично кршење на и онака минималните задолженија.

И кога сме кај носењето одлуки – решенијата сами си ги предложивте и сами си ги изгласавте, а постојано ги потенцирате граѓаните како носители на овие решенија. Затоа, за да нема заблуди – Ве повикуваме вас г. Шилегов, Г. Макрадули, Г. Реџепи на јавна дебата, па граѓаните нека пресудат самите за се!”

Иницијативата “Го сакам Водно” од денес на својата фејсбук страна објави повик кон доброволци за жив ѕид за одбрана на Водно.