Итен повик за помош на Водно – Изведувачите со закани кон активистите
На социјалните мрежи само што се рашири информација дека изведувачот на градежните активности на Водно се заканувал со приватни лица дека ќе ги нападне планинарите кои со жив ѕид од денес го штитат Водно. На фејсбук страната од иницијативата Го сакам Водно се објавија видеа од моменталната ситуација и информација дека на ТВ Алфа и е забранат пристап до местото. Активистот Игор Смилев, кој од утрово се наоѓа таму на својот фејсбук профил објави:
“Значи….на Водно сум.
Нема да ви заборавам…..шефот на механизацијата кој патем не ни покажа никаква дозвола за работа, во 9.30 часот студено и ладнокрвно му рече на багеристот – Гази, оди напред.
Шоферот уште поладнокрвно го изгаси багерот, излезе, не се покори на наредбата и му рече ” Јас не одам на живи луѓе”
Ќе отидете бе напред..и до крај ќе отидете.
Ама со зборовите кажани и со мрачните мисли ниту вечноста нема да ви биде доволна.”
Активистите пуштија апел за доброволци кои веднаш можат да им се придружат во бранењето на Водно. Повикана е и полиција.
Во моментов членови на редакцијата на Антропол и граѓани се упатуваат кон сртот на Водно.