Скопјани платиле 39.700 денари за вечера на советници во време на изборната кампања
За време на изборната кампања од локалните избори, Советничката на Град Скопје, Љубица Јачева (на 22 октомври), на сметка на градот во ексклузивен угостителски објект на кејот на Вардар, потрошила 39.700 денари за репрезентација, стои во информацијата која ја сподели порталот мкд.мк.
Бифтеци таљати, пршути, лососи, медаљони… се само дел од работите кои ги нарачале советници на СДСМ и припадници Противпожарната бригада на Скопје за време на локалните избори. Гоштевањето за кое платиле скопјани било по повод прослава за зделката со противпожарната скала од 1,7 милиони евра.
Во два наврати биле потпишувани сметки за репрезентација од страна на Командирот на Противпожарна бригада Скопје Владимир Симоновски.
Поради сомневања за правење за зделка надвор од законската регулатива, оваа набавка во Државната комисија за спречување на корупцијата се води како отворен случај.