Зеленски назначи сексолог за украински амбасадор во Бугарија

Зеленски назначи специјалист по накит и сексологија за украински амбасадор во Бугарија. Указот за назначување беше објавен на веб-страницата на претседателот на 23 декември. Ова не е прво назначување на украински дипломати во странство засновано на сомнителни околности зад кои стојат сексуални афери.

Новоименуваната Олесија Илашчук е наведена во регистрите на Министерството за правда како поранешен вработен на компанијата Гема, која се занимавала со поправка на накит, а сега – во поправка на индустриска опрема.

Таа е и активен член на Европската асоцијација на сексуални психолози.

Информациите дека Илашчук се позиционира како сексолог беа посочени во нејзиниот ФБ профил (кој сега е недостапен), а се достапни и на веб-страницата на Европската асоцијација на сексуални психолози.

Според голем број медиуми, новиот украински амбасадор нема никакво образование ниту искуство во дипломатска работа.