Левица поднесе кривична пријава против сопственикот на печатницата „Софија“ – Богданци која печатеше лажни флаери од име на партијата
„Денес (среда, 3 ноември 2021 година), Правниот сектор на Политичката партија Левица, до Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Повреда на слободата на определување на избирачите“, казниво по член 160 од Кривичниот законик – против печатницата „Софија“ од Богданци и против нејзиниот сопственик и управител Александар Семенпеев.
Пријавените се теретат за злоупотреба на официјалните симболи на ПП Левица во предизборната кампања за Локалните избори 2021 и за пуштање во оптек летоци со невистинита содржина, со цел измама на избирачите при користењето на нивното избирачко право.
Очекуваме ОЈО Скопје, во најбрз можен рок, по службена должност да постапи по однос на наводите изнесени во пријавата.“