Синот на поранешниот генсек Ѓорѓи Спасов добил 93.000 евра за време на кризата

Од Движењето за социјална правда Ленка на својот фејсбук профил објавија дека агенцијата Рејтинг, која е основана од поранешниот министер и генерален секретар на СДСМ – Ѓорѓи Спасов, од почетокот на март по различни основи наплатила 93000 евра буџетски пари. Актуелен директор на фирмата е неговиот син, Никола Спасов. За делењето тендери на оваа агенција претходно реагираа и од политичката партија Левица по повод тендерите склучени од општина Карпош во износ од 815.380 денари.

„Додека државата се задолжува до степен на должничко ропство, Никола Спасов – сопственик на агенцијата Рејтинг и син на поранешниот ген-сек на СДС Ѓорѓи Спасов – во време на криза добил 93000 евра за фамозни консултански услуги.

Покрај фактот што се работи за агенција блиска до власта која во јавноста пушта анкети за да креира мислење во корис на СДС, Никола Спасов е познат како единствен претставник на Балканов за фирмата „Кембриџ Аналитика”, која стана позната по скандалот за злоупотреба на лични податоци на 50 милиони корисници.

Приказ за злоупотребените податоци за скандалот со Кембриџ Аналитика

За овој скандал беше иницирана и тужба против Фејсбук. Очигледно и ваквите компромитирани кадри на СДС и во време на криза профитираат од коруптивните зделки со власта.”

Изјава на Никола Спасов

СИН НА ПОРАНЕШЕН ФУНКЦИОНЕР НА СДС ВО ВРЕМЕ НА КРИЗА ПОБОГАТ ЗА 93000 ЕВРА Додека државата се задолжува до степен на…

Posted by Ленка on Monday, 18 January 2021