Сведоштва од Онкологија: Го изгубија картонот и пациентот добил погрешно лоцирање на точки на зрачење

  • Објава на сведоштво од Протест против убиствата на Онкологија

Мојата мајка почина пред една година и еден месец, од бенигна бемка, погрешно лоцирање на точки на зрачење. Кога изреагираа техничарите дека нешто не е во ред со точките, Игор Стојковски го “изгуби” картонот, а шефот на радиологија Горазд, ги размести моментално техничарите и ме бркаше со секакви навредливи зборови,па дури ме нарече и лажга.

Во консултации со други доктори (не од таму), испадна дека на мајка ми и го изгореа мозокот. Стојковски не’ лечеше со “дермазин крема”.

Со погрешното зрачење на мајка ми започнаа да и се јавуваат потешкотии во движењето,да на крај не можеше и да се движи. Што поминавме таму, не можам да ви опишам.

Болката по мојата мајка не престанува, му ја дадов на убиецот Стојковски во уста, а веќе против него се води кривична постапка.