Широка коалиција: Ахмети потврди дека ДУИ, ДПМНЕ и СДСМ заедно ги договарале имзените во КЗ

„Имало десетици средби во Клубот на пратеници за измена на КЗ и да се усогласи со европските стандарди. Во тие средби имало работни групи. Средбите се остварени на многу таен начин помеѓу Зоран Заев, Никола Груевски и мене. Сме разговарале со часови и со денови. Дојдовме до моментот каде се согласивме сите и на крај се повлече ВМРО,“ тврди Ахмети.

Воедно, тој откри дека темата за овие измени на КЗ е отворена веќе 3 години, во кои, како што појаснува, е разговарано и дебатирано со опозицијата да се укине Кривичниот законик. Сепак, според неговите тврдења, на крај испаднала интересна ситуација. Имено, измените прво се одложиле бидејќи Заев се откажал, додека сега тоа го направил Мицкоски.

„На крај испадна интересен епилог. Првично, не се согласуваше Зоран Заев. Потоа кога се договоривме да се укине, договорот со СДСМ затоа што СДСМ првично се повлече, кога се договоривме со СДСМ се повлече ВМРО. Се повлече Христијан Мицкоски од измената на Кривичниот законик и ова беше големо изненадување.“

Имало десетици средби во Клубот на пратеници за измена на овој Законик и да се усогласи со европските стандарди. Во тие средби имало работни групи. Средбите се остварени на многу таен начин помеѓу Зоран Заев, Никола Груевски и мене. Сме разговарале со часови и со денови. Дојдовме до моментот каде се согласивме сите и на крај се повлече ВМРО – обелодени Ахмети.