Трета недела по ред продолжува серијата протести „Против убиствата на Онкологија“

Денес, трета недела по ред продолжува серијата протести „Против убиствата на Онкологија“, каде главна порака на протестирачите до властите и надлежните е „Правда за жртвите на онкологија“.

Протестантите денес палеа слики од главните посочени виновници во случајот на клиниката на Онкологија како и во случајот со модуларната болница во Тетово.

На симболичен начин, преку маски со лекарски униформи и крвави пари, тие ја покажаа нехуманата страна на лекарите кои се дел од злосторничкото здружување, каде единствена цел им била стекнување на профит по цена на човечки животи.

Протестот почнува пред влада, а ќе заврши пред обвинителството од кое се бара резултати во истрагата.