Концерт на Филхармонија на „Денови на македонската музика“

Есенската сезона на фестивалот „Денови на македонска музика“ ќе биде отворена на 21 септември (четврток) со почеток во 20 часот со концерт на оркестарот на филхармонијата, со која ќе настапат тројца солисти: Маја Кастратовиќ – пијано, Златка Митева – флејта и Владимир Лазаревски – обоа, предводени од реномираната диригентка Бисера Чадловска.

Диригент е Бисера Чадловска, а на програмата се „Пасакаља на тема од Божидар Апих“ од Томислав Зографски, „Увертира“ за симфониски оркестар од Димче Николески, „Концерт ин 5“ за пијано и симфониски оркестар од Александар Лековски, „Пасторали“ за флејта, обоа и камерен оркестар од Благоја Ивановски и „Стара песна“ – концертни сцени за симфониски оркестар од Томе Манчев.

Концертот ќе се одржи во големата сала на Македонската филхармонија, а влезот е слободен.