Вирџини Јовановски за ВЕИБО

Ставовите изразени во оваа колумна не нужно се совпаѓаат со ставовите на редакцијата.


Почитувани сограѓани, пријатели и сите кои ќе ја прочитат ова моја објава,
– Првин благодарност и охрабрување на сите, сега поранешни вработени во ВЕИБО (Weibo) кои во сите претходни денови храбро, достоинствено, пожртвувано и искрено го искажаа својот глас и ги побараа своите права во врска со настанатат ситуација со Веибо.
– Веднаш би истакнал дека зборовите што ги слушнавме за Веибо од Вицепремиерот Кочо Анѓушев на прес конференцијата значат на сите вработени и се трошка надеж дека ќе се најде решение за нивниот проблем.
Почитуван Вицепремиере благадарам нема да кажам, само ќе кажам дека ќе ве држиме за збор.
– Се обраќам до раководството на Веибо: управител Мустафа Иршат Канџа од Р.Турција, управител Кристина Јакимова од Скопје, менаџерите Серкан Јесилдал, Ѓокалп Ѓозуток и Един Сезер од Р.Турција, вработените во Веибо си ги бараат исплата на 3те заостанати плати, надоместокот за годишен одмор, регресот за годишен одмор и исплатата за прекувремената работа.
ВЕИБО, Вие направете Изјава нотарски заверена во која самите ќе напишете дека во рок од 1 месец (задолжително датум) ќе ги исплатите сите гореспомнати ставки на 210те одјавени на крајот на јануари, но и на сите претходно одјавени (декември, текот на јануари). Изјавата да има ИЗВРШНА КЛАУЗА (Решение) во која Вие ќе напишете КАКО ќе бидат обештетени вработените. Има повеќе начини, Вие изберете како вработените ќе си ги земаат своите пари. Примерок од Изјвата (нотарски заверена копија) да испратите на Лидија Стеванова (претставник на вработените) и на Градоначалникот на Крива Паланка Господинот Борјан Мицевски. Не барајте спогодби, договори, известувања, собирања потписи, полномошна заверени на нотар, адвокат од вработените, е-маил-ови, писма, дописи, официјални телефонски разговори. Вработените не сакаат да влегуваат во Вашиот правен лавиринт и да бидат изложени во непотребни психо-физички исцрпувања.
-Вие, вработените во Веибо никој, ама никој повеќе не влегува во преговори, договори и спогодби со раководството на Веибо. Срам голем е некој да побара од вас да ги кажувате барања, услови и сл. Ние не сме криминалци, трговци, продавачи на пазар за да треба да се “ценкаме” за нешто. Ова што беше на нас направено е КРШЕЊЕ на основните човекови прави. Многу закони и многу членови од ЗРО ги прекрши.
-Почитувани сограѓани Кривопаланчани, Ве молам разберете ги овие луѓе, раберете го нивниот проблем дека ова е поврзано со основните потреби за живот и егзистенција, дајте им било каква подршка на нив.
Ве молам не мешајте ја политиката во ова. Овие луѓе се наши граѓани, наши луге, наши роднини, комшии.
НО ЕВЕ СЕПАК се обраќам до Форум и Унија на жени од двете партии во градот: НЕКОЈ СТАВ, ПОДРШКА, ОХРАБРУВАЊЕ (некој Like) ќе дадете ли овие жени (за инфо речиси 90% од вработените се жени)?!
Благодарам,
Вирџини Јовановски