Охрид СОС: Враќање во нормала е враќање на дивоградбите на Охридското Езеро!

„Дека сè беше една голема претстава, дека се само големи лицемери и глумци, дека Општина Охрид и Влада на Република Македонија ја лажат и светската организација и домашната јавност, покажува и оваа обратна акција, на враќање во претходна состојба на платформата во Канео. Привремено демонтирана, пред новата летна сезона, полека се подготвува инфраструктурата за нови потенцијални гости. Бидејќи профитот е побитен од природното и културно светско наследство.

Некој ги посоветувал привремено да ги отстранат штиците од металните конструкции пред доаѓањето на Реактивната мисија на UNESCO, International Council on Monuments and Sites (ICOMOS) и IUCN. Секоја штица е обележана со број, знеаејќи дека штом мисијата ќе замине, за брзо ќе си се вратат на старото место. Тоа и се случи.

Нормално, како што и се навикнати, ќе излезат со изјава Едмонд Адеми, Константин Георгиески, Оливер Спасовски и други институции и носители на јавни функции, па прстот ќе го вперат во лицата кои стопанисуваат со плажата, на нивното самоволие и непочитување на законите, со „ветување“ дека уште веднаш ќе се отстрани целата конструкција. До кога вака? Секој ден само испливуваат еклатантните примери на вашата неспособност и корумпираност. Наместо да сте регулатор, треба да ве регулираме секој еден момент, бидејќи сте спремни на сè.” – стои во објавата на иницијативата Охрид СОС.

ВРАЌАЊЕ ВО НОРМАЛА?! Дека сè беше една голема претстава, дека се само големи лицемери и глумци, дека Општина Охрид и…

Публикувахте от Охрид SOS в Вторник, 19 май 2020 г.