„Звукот на Скопје 2023“ го размрда градот со музичко патување на веќе познати и нови надежни музички бендови

Ма­ни­фе­ста­ци­ја­та од ла­ни нас­ло­ве­на „Зву­кот на Скоп­је“, ко­ја се ре­а­ли­зи­раше во ор­га­ни­за­ци­ја на Кул­тур­но-ин­фор­ма­тив­ни­от цен­тар (КИЦ), заврши викендов.

Манифестацијата ја организираше Културно информативниот центар – Скопје во соработка со „Пакомак”, а наместо влезница посетителите носеа по едно пластично шише или лименка, со цел поттикнувањето еколошки навики кај граѓаните.

Фестивалот на градот му донесе свежина и нова енергија преку содржините што ги понуди во петокот. Музички ѕвезди, инспиративни изложби, проекција на филмови во летно кино, беа дел од овогодинешниот фестивал.

На сцената кај Парк Ибни Пајко со голема енергијата и ентузијазам настапија бендовите од Гола планина колективот: Стој, После!, Zanadu и Dimish.

Додека пак на сцената Плоштад Мајка Тереза  настапија Natalee од Ср­би­ја, СИЗ ,KEM и Фолтин кои ги изведоа песните од последниот албум, „Симултан бакнеж“, но и нивните постари хитови.

Во рамките на фестивалот во Кулпарк летното кино (пред КИЦ), се одржа и  проекција на документарниот филм „Примо Да Круз“, како и на играниот филм „Снежана на крајот умира“.

Во рамките на „Звукот на Скопје“ во Продажниот салон на КИЦ се одржа изложбата на фотографии „Скопје под лупа“ од Јована Савевска со фотографии со фокус на креативните аспекти на градот, вредностите, културното минато и современата скопска ситуација.

„Зву­кот на Скоп­је’“ е ле­тен фе­сти­вал на отво­ре­но, кој има на­ме­ра да пре­рас­не во но­во скоп­ско му­зич­ко жа­ри­ште, про­стор ка­де што на го­ле­ма сце­на ќе мо­же да се ви­дат и етаб­ли­ра­ни, но и но­ви гру­пи што сѐ уште ја ба­ра­ат до­вер­ба­та од гра­дот. Зна­чи и про­мо­ви­ра­ње но­ви кон­церт­ни ло­ка­ции, ожи­ву­вај­ќи ги во кул­ту­рен кон­текст. На­ме­ра­та е са­ми­от фе­сти­вал да го пре­тво­ри­ме во со­вре­мен град­ски ле­тен фе­сти­вал на отво­ре­но, кој ќе ста­не пре­поз­нат­лив бренд на Скоп­је – ве­ли То­ни Ди­ми­тров, ди­ре­ктор на КИЦ.