Ванковска: Ние не даваме 500-че за потпис

Во штабот си имаме проблем: слушнале луѓе од Мицко дека ДУИ ми собира потписи, па доаѓаат да прашаат – да не им турат минус у партија. Други приоѓаат да прашаат дали даваме по 500-че за потпис, вели кандидатката за претседател Билјана Ванковска.

-Се зезнале! Потписи добивам од цели семејства од ромската, албанската, турската, српската, влашката и другите заедници. Сите тие кои разбрале дека сме на заеднички брод, а тој ќе потоне ако не се здружиме и ги смениме кормиларите, додава таа.