Дали Левица го смени името, дали левица ги украде фабриките? Од каде таква пизма против партијата?

Ајде да размислиме логично, Од каде таква пизма против Левица, прашува проф. Благица Сековска.

– Дали Левица ги приватизира (читај украде) фабриките?

– Дали Левица го смени името?

– Дали Левица го смени знамето?

Дали Левица даде 8 пратеници за да станеме Северна?

– Дали Левица ја претвори Македонија во апартхејд во кој малцинството владее со мнозинството?

– Дали Левица го потпиша Охридскиот, Преспанскиот или било кој договор?

– Дали Левица го прифати францускиот предлог?

– Дали Левица донесе штетни закони во државава?

– Дали Левица гласаше закон со кој политичарите се ослободуваат од затвор за финансиски малверзации

– Дали било кој од вас видел зулум од Левица?

Ако одговорот на сите овие прашања е не, тогаш запрашајте се:

– Зошто Левица ја нема во медиумите?

– Зошто и ВМРО и СДС водат црни кампањи против Левица?

– Зошто Левица е заедничкиот непријател и и на едните и на другите?-

– И зошто баш пред секои избори Левица демек се распаѓа според СДС, ВМРО и сите нивни медиуми?

Ако имате здрава логика, незатруена со штабски лаги, полувистини, спинови и гебелсовски пропаганди тогаш одговорот сам ќе ви се каже и нема да имате дилеми, нити ќе подлегнувате на медиумска црна пропаганда!